Our Story – Roastery
Нашата приказна започна пред неколку години, кога решивме дека треба да им понудиме на гостите во нашите семејни барови, хотел и ресторан кафе кое ќе ја претставува нашата љубов кон висококвалитетен производ. Со таа мисла, ја оживеавме традицијата од нашите предци и ја продолживме приказната која ја започнал нашиот прадедо во 1930-тите. Откако ја изгубил својата голема среќа поради боемскиот начин на живот, морал да најде начин да ја обезбеди својата фамилија. Така започнал да пече свежо кафе и наут во својот дом, и токму тогаш се родила љубовта кон доброто кафе во нашето семејство.
Денеска, можете да го најдете нашето кафе од Roastery ексклузивно во Liquid Cafe во Старата чаршија, Liquid Boutique Bar & Kitchen, Су Хотел и Су Rooftop Ресторан, како и SU Roastery во Скопје.